„Здружението ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ, продолжува да им дава поддршка на институциите и установите да ги преземат потребните мерки и активности за заштита и спасување (од земјотрес, поплави, пожари и друго), како и за увежбување на постапките за евакуација и пружање на Прва помош. Во таа насока, договорена е соработка со градинките на ЈДГ „Весели Цветови“ во Општина К.Вода. Соработката опфаќа изработка на Процена на загрозеност од природни непогоди и несреќи, План за заштита и спасување од природни непогоди и несреќи и Правилник за заштита од пожари и експлозиви. Продолжуваме со општествено корисни ангажирања.“