Актуелно

Промоција на целите и програмските активности на здружението

Со цел промовирање на мисијата, целите и програмските активности на ЦЕНТАРОТ ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ, во втората половина на 2023 година го реализиравме следното:

1. Доставена е Информација (по пошта и електронски) до сите сродни и релевантни државни институции, до Градот Скопје и локалните самоуправи на неговата територија, до невладини организации и стопански асоцијации и комори во државата;

2. Доставена е Информација (по пошта и електронски) до сите Амбасади на државите членки на НАТО Алијансата, до Амбасадите на други демократски држави од Европа, Америка и Азија и до релевантни претставништва на меѓународни и регионални организации;

3. Започнаввме со медиумска промоција на Здружението ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРИРАНА БЕЗБЕДНОСТ, со учество на претседателот на здружението на следните дебатни емисии:
- Гостување на 16.11.2023 година на националната телевизија ТВ 24 во емисијата Студио 10 на Тема: „Поставеноста на Системот за национална безбедност, во контекст на зголемените регионални и меѓународни закани и предизвици“. види повеќе
- Гостување на 22.11.2023 година на националната телевизија МТВ во централниот дневник во Тема на денот: „Безбедносни предизвици, во контекст на посетата на Генералниот секретар на НАТО на нашата држава и во државите од регионот на Западен Балкан“. види повеќе
- Гостување на 27.12.2013 година на националната телевизија ТВ 24 во емисијата Студио 10 на Тема: „Анализа на безбедносно-политичката состојба на годината која изминува“.
- Интервју на претседателот на здружението д-р Златко Кузманов на ТВ 24, во емисијата Студио 10 на 16.01.2024 година, на Тема: „Безбедносна анализа на причините за енормно зголемување на одбранбените буџети и за забрзаната модернизација и вооружување на Армиите на државите од Западен Балкан“.
- 20.02.2024 Анализа на ТВ 24 на тема : ,,Руското влијание во државите на З.Балкан, со посебен нагласок на Р.Бугарија''.

4.За поголема видливост и вмрежување, здружението е регистрирано за соработка во базата на податоци на Одделението за соработка со невладините организации при Владата, во регистарот на повеќе етаблирани здруженија и фондации во државата.